август 23, 2017

Нападнати и повредени Роми на базен во Велес

Инцидент
Расна или друга дискриминација

Што се случило: Во Градскиот базен „Снупи“ во Велес неколку Роми од Скопје во биле претепани од десетина лица, меѓу кои имало и членови на обезбедувањето на базенот од агенцијата за обезбедување – СГС. Еден од спасителите на базенот „Снупи“ во Велес, на дрзок и насилен начин му се обратил на момчето од ромската етничка заедница кое скокнало во базенот со зборовите „Немој ти мене да ме учиш кого да пуштам да скока во базен, ти не смееш да скокаш!“ На тоа реагирале роднините на момчето, при што дошло до турканица која набргу била расчистена, откако интервенирале обезбедувањето – СГС и сопственикот на базенот. Според кажувањата на еден од истепаните граѓани, околу 19 часот, кога речиси сите гости на базенот си заминале и додека тие се подготвувале да се вратат дома во Скопје, додека неговиот внук И. У. излегувал од соблекувалната, без никакво образложение, едно лице со стаклено шише го удрило по главата по што се здобил со видлива телесна повреда – драска над десното око. Лицето понатаму додава и дека потоа дотрчале да видат што се случува, но во тој момент, однадвор влегле околу дваесетина души во цивилна облека, со палки и шипки, и почнале да ги тепаат. Според неговите кажувања, напаѓачите меѓу кои имало и припадници на обезбедувањето на базенот од СГС, биле повикани од газдата, од спасителот или од останатите припадници на обезбедувањето на базенот. 20тина минути подоцна, откако веќе биле истепани и раскрвавени, интервенирале полицајците кои им ставиле лисици на Ромите и почнале да им викаат.
Датум, време и место на инцидентот: 23 јули, околу 17:00 часот, базен Снупи Велес.
Извор на информации: Електронски медиум Либертас.
Инволвирани жртви: Две лица.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ), Расна и друга дискриминација (Член 417, КЗ)
Сторители: Група од десетина лица.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е расна дискриминација, а пристрасните индикатори се:
1. Содржина на упатените пораки – на нападнатото лице не му било кажано дека скокањето забрането за сите; туку дека конкретно тој не смее да скока;
2. Перцепција на жртвите – Жртвите гледаат на настанот како пристрасно мотивиран.
Статус на случајот: Под истрага/ Се очекува поднесување на соодветна пријава.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое МХК го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека од страна на СВР Велес и Основното јавно обвинителство се работи на собирање на дополнителни сознанија во врска со настанот и според нив од страна на СВР Велес ќе биде поднесена соодветна пријава.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на различни етнички заедници во земјата.

Адреса
Veles, Macedonia (FYROM)

Број на жртви
2
Број на сторители
10
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад
Нападнати и повредени Роми на базен во Велес image
Надворешен видео линк:

Кривични дела

Против човештвото и меѓународното право
Расна или друга дискриминација

Основа

Боја на кожа Етничка припадност