ноември 10, 2020

Нанесени убодни рани на турски државјанин при физички напад

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 10.11.2020 во 21.23 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен повреден А.О.У.(29) од Р. Турција, кој престојувал во Скопје, при што кај истиот биле констатирани тешки телесни повреди со кои се  здобил при физички напад на подрачје на Центар од неколку лица, а при нападот едно од лицата му нанело убодни рани со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е претпоставеното национално потекло поради тоа што нападот се случил поради тоа што жртвата е припадник на друга националност, а пристрасните индикатори се:

  1. Јазик на зборување – жртвата зборувала на различен јазик од напаѓачите
  2. Национална припадност – инволвираните припаѓаат на различни националности

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните национални, етнички и јазични групи во општеството


Број на жртви
1
Број на сторители
-
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Нанесени убодни рани на турски државјанин при физички напад image