октомври 15, 2022

Навивачи од Р. Грција физички нападнале две лица

Инцидент
Инциденти сторени на спортски натпревари

Што се случило: На 15 октомври полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода T.В.(30), K.С.К.(33), M.Е.(22) и T.Р.(25), сите од Република Грција. Четворицата грчки државјани како дел од навивачка група физички ги нападнале Н.К.(41) и А.В.(42) од Скопје, на ул.Македонија. По преземени мерки било утврдено дека дел од лицата од навивачката група одзеле предмети од продажен објект на улицата. Напаѓачите биле приведени во полициска станица и во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е припадноста на различна држава и тоа што засегнатите страни зборувале различен јазик, а пристрасните индикатори се:

  1. Државјанство – инволвираните имаат различно државјанство
  2. Јазик на зборување – засегнатите страни зборувале на различен јазик
  3. Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу домашните и странските државјани.

Адреса
Ул. Македонија, Скопје

Број на жртви
2
Број на сторители
4
Статус на случајот
-
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад
Навивачи од Р. Грција физички нападнале две лица image