март 7, 2017

Музејот на албанската азбука нападнат со молотов коктел (потврдено)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: Четири маскирани лица фрлиле молотови коктели врз Музејот на албанската
азбука во Битола. Лицата сакале да го запалат објектот, но не успеале, па ги искршиле само
стаклата. Дел од стаклата на прозорите на музејот и на влезната врата се искршени, а пред влезот
се видливи траги од молотов котел.

Датум, време и место на инцидентот: 07 март, околу 04 часот, Музеј на албанската азбука, Битола.
Извор на информации: Електронски медиум ТВ Тера, електронски медиум Репортер.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ), Предизвикување омраза, раздор
или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа (Член 319, КЗ)
Сторители: Четири лица.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничката припадност, националноста или јазикот, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е музејот на албанската азбука во Битола;
2. Модел на претходни инциденти – ова е петти напад врз Музејот на албанската азбука во Битолa

Статус на случајот: Поднесена кривична пријава против четири лица поради постоење основи на
сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност од член 288 од КЗ.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
МХК го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека по преземените мерки, од страна
на СВР Битола била поднесена кривична пријава против четири лица поради постоење основи
на сомнение за сторено кривично дело „Предизвикување општа опасност“ од член 288 од КЗ.
Дополнително, во одговорот е наведено и дека по извршените разговори со пријавените лица, од
страна на СВР Битола не се констатира дека има индиции кои укажуваат дека инцидентот е сторен
поради етничката припадност на лицата, туку бил сторен самоиницијативно и без никакви влијанија.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.

Адреса
Музеј на албанската азбука, Битола.
Име на Локација
Музеј на албанската азбука, Битола.

Број на жртви
-
Број на сторители
4
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Име на Локација
Институција
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Музејот на албанската азбука нападнат со молотов коктел (потврдено) image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот
Против државата
Предизвикување национална, расна или верска омраза, раздор и нетолеранција

Основа

Националност Етничка припадност