февруари 14, 2014

Млад човек од Тетово прободен во градите (неверифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило:. Млад човек од Тетово бил прободен во градите во тепачка, додека на друг му
биле нанесени телесни повреди.

Датум, време и место на инцидентот: 14ти февруари, во Тетово.
Извор на информацијата: Националниот електронски медиум мкд.мк.
Вклучена(и) жртва(и): Едно осумнаесетгодишно момче од селото Челопек кое било прободено во
градите и префрлено во болница во Скопје, и уште едно момче.
Вид на кривично дело(а): Тешки телесни повреди, Чл. 131 КЗРМ, Учество во тепачка, Чл. 132.
Сторител(и): Две момчиња со непознато етничко потекло.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Во овој инцидент, мотивот за
пристрасност е етничко потекло, државјанство или јазик, додека индикаторот е:
1. Претпоставена разлика помеѓу сторителот и жртвата според етничка припадност – Со оглед на
мешаниот етнички состав на населениот на споментите село и град, етничката припадност на
жртвата може се разликува од онаа на сторителот.

Статус на случајот: Поднесени се кривични пријави.
Одговор на надлежните власти: Преку „„Одговор на барање““ за информации од јавен карактер
Министерството за внатрешни работи му одговори на Комитетот дека тројца сторители се товарат
со кривични пријави за делото „Насилство“(Чл.386 КЗРМ). Сепак, нема одговор во врска со фактот
што укажува на можниот мотив за кривичното дело.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата политичка ситуација во земјата и соживотот помеѓу Македонците, од една страна, и
Албанците од друга, како две најголеми етнички заедници во општеството.

Адреса
Тетово, Северна Македонија
Име на Локација
Тетово, Северна Македонија

Број на жртви
2
Број на сторители
2
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Телесна повреда Физички напад Насилство
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Млад човек од Тетово прободен во градите (неверифицирано) image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност