април 3, 2019

Младо момче повредено со остар предмет кај трговскиот Рамстор во Скопје

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 03.04.2019 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека истиот ден околу 15.30 часот
на улица „Свети Кирил и Методиј“, Р.С.(28) и Ф.С.(26) од Скопје биле физички нападнати од две лица, при што
Р.С. со остар предмет бил удрен на левата рака. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: На 03.04.2019 во 17.00 часот, улица „Свети Кирил и Методиј“ кај ТЦ
Рамстор во Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР, sudstvo.mk; press24.mk
Инволвирани жртви: две 2 полнолетни жртви
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Тешка телесна повреда (член 136, КЗ на РСМ)
Сторители: двајца (2) непознати сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил на место каде циркулира мешано етничко население.
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
Бул. Македонија, Скопје 1000, Северна Македонија
Име на Локација
Трговски центар Рамстор

Број на жртви
2
Број на сторители
2
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад
Име на Локација
Улица
Младо момче повредено со остар предмет кај трговскиот Рамстор во Скопје image

Кривични дела

Против животот и телото
Тешка телесна повреда
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност