март 20, 2014

Младо момче брутално претепано во автобус на јавен градски превоз, линија бр. 57 (неверифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: 23-годишно момче било брутално претепано од група непознати сторители и се
здобило со сериозни повреди пришто било хоспитализирано.

Датум, време и место на инцидентот: 4 мај, 03:30 часот, во автобус од јавен градски превоз, линија
бр.57, додека автобусот поминувал по ул. „Цветан Димов“ во Скопје.
Извор на информацијата: Националниот печатен медиум „Дневник“.
Вклучена(и) жртва(и): Едно 23-годишно лице од машки пол.
Вид на кривично дело(а): Тешка телесна повреда Чл. 131, Загрозување на сигурноста Чл. 144,
Насилство Чл. 386.
Сторител(и): Непознат број на сторители, организирани во група.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е етничкото потекло, државјанство или јазик, додека индикатори на пристрасност во
овој инцидент се:
1. Претпоставена разлика помеѓу сторителот и жртвата врз основа на етничка припадност – поради
мешаното етничко потекло на населбите низ кои минува линија бр. 57, етничката припадност на
жртвата можно е да била различна од онаа на сторителот.
2. Природа на насилството – инцидентот бил извршен во јавност, во јавен градски автобус.
3. Недостаток на други мотиви.

Статус на случајот: Поднесени се кривични пријави.
Одговор на надлежните власти: Преку „Одговор на барање“ за информација од јавен карактер,
на барањето пратено од Комитетот Министерството за внатрешни работи изјави дека поднесени
се кривични пријави за дело „Насилство“(Чл.386 КЗРМ) против четворицата сторители. Сепак,
нема одговор во врска со фактот што укажува на можниот мотив за делото.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата политичка состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во
општеството.

Адреса
ул. „Цветан Димов“ во Скопје
Име на Локација
ул. „Цветан Димов“ во Скопје

Број на жртви
1
Број на сторители
4
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Сериозна закана Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Младо момче брутално претепано во автобус на јавен градски превоз, линија бр. 57 (неверифицирано) image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност