февруари 21, 2014

Масовна тепачка помеѓу ученици во средното училиште „Зеф Љуш Марку“ во Скопје (неверифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: Три групи на ученици се степале во средното училиште Зеф Љуш Марку во Скопје.

Датум, време и место на инцидентот: 21 февруари, во средното училиште Зеф Љуш Марку во
Скопје.
Извор на информацијата: Националниот електронски медиум Инпрес (Inpress).
Вклучена(и) жртва(и): Еден ученик од машки пол со непознато етничко потекло се здобил со
посекотини по лицето.
Вид на кривично дело(а): Насилство Чл. 386 КЗРМ, Телесна повреда, Чл. 130 КЗРМ, Учество во
тепачка Чл. 132 КЗРМ.
Сторител(и): Во тепачката учествувале 16-17 годишни средношколци со непознато етничко
потекло.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Во овој инцидент, мотивот на
пристрасност е етничкото потекло, државјанството или јазикот, додека индикаторите на
пристрасност се:
1. Претпоставена разлика помеѓу сторителот и жртвата според етничка припадност – поради мешаниот
етнички состав на учениците во училиштето кадешто учат овие средношколци, етничката
припадност на жртвите можно е да се разликува од онаа на сторителите.
2. Природа на насилството – инцидентот бил извршен во јавност

Статус на случајот: Поднесени се прекршочни пријави.
Одговор на надлежните власти: Преку „„Одговор на барање““ за информации од јавен карактер
испратено од страна на Комитетот, Министерството за внатрешни работи изјави дека се поднесени прекршочни пријави против сите вклучени, во согласност со Законот за прекршоци
против јавниот ред и мир. Сепак, не обезбеди одговор во врска со фактот што упатува на можниот
мотив за делото.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата безбедносна ситуација во земјата и соживотот помеѓу Македонците, од една страна, и
Албанците од друга, како две најголеми етнички заедници во државата.

Адреса
средно училиште Зеф Љуш Марку во Скопје
Име на Локација
средно училиште Зеф Љуш Марку во Скопје

Број на жртви
1
Број на сторители
-
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Институција
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Масовна тепачка помеѓу ученици во средното училиште „Зеф Љуш Марку“ во Скопје (неверифицирано) image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност