февруари 14, 2015

Масовна тепачка во центарот на Скопје (неверифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: Две групи млади луѓе се степале на бул. Кузман Јосифовски – Питу, во центарот
на Скопје. Сторителите се од селата Елово, Дразилово и Пагаруш.

Датум, време и место на инцидентот: 14 февруари, на бул. Кузман Јосифовски – Питу, во центарот
на Скопје.
Извор на информацијата: Националниот медиум Макфакс.
Вклучена(и) жртва(и): Едно од момчињата што учествувале во тепачката било прободено во текот
на тепачката.
Вид на кривично дело(а): Тешка телесна повреда Чл. 131 КЗРМ, Учество во тепачка Чл.132 КЗРМ.
Сторител(и): Осум момчиња, се претпоставува дека биле од мешано етничко потекло.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Во овој инцидент мотивот на
пристрасност е етничко потекло, државјанство или јазик, а индикаторите на пристрасност се:
1. Претпоставена разлика помеѓу сторителот и жртвата според ентичка припадност – поради мешаниот
етнички состав на населението во споменатите села, етничката припадност на жртвата може да е
различна од онаа на сторителот.
2. Недостаток на други мотиви.

Статус на случајот: Поднесени прекршочни пријави.
Одговор на надлежните власти: Преку „„Одговор на барање““ за информации од јавен карактер
побарани од страна на Комитетот, Министерството за надворешни работи изјави дека осумте луѓе
вклучени во тепачката се товарат со прекршочни пријави во согланост со Законот за прекршоци
против јавниот ред и мир. Сепак, нема одговор во врска со фактот што укажува на можниот мотив
за кривичното дело.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата политичка ситуација во земјата и соживотот помеѓу Македонците, од една страна, и
Албанците од друга, како две најголеми етнички заедници во општеството.

Адреса
бул. Кузман Јосифовски - Питу
Име на Локација
бул. Кузман Јосифовски - Питу

Број на жртви
1
Број на сторители
8
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Сериозна закана Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го фатија сторителот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Масовна тепачка во центарот на Скопје (неверифицирано) image

Кривични дела

Против животот и телото
Тешка телесна повреда
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност