Што се случило: Четворица малолетници нападнале друг малолетник во автобус од јавен
транспорт бр. 65, и предизвикале чувство на страв и неизвесност меѓу останатите патници.
Датум, време и место на инцидентот: 19 февруари, 14:20 часот во автобус од јавен транспорт бр.
65.
Извор на информацијата: Националниот електронски медиум „кајгана.мк“ (kajgana.mk).
Вклучена(и) жртва(и): Една седумнаесетгодишна жена со непознато етничко потекло која била
физички нападната и малтретирана.
Вид на кривично дело(а): Насилство Чл. 386 КЗРМ, Телесна повреда, Чл. 130 КЗРМ.
Сторител(и): Четири малолетници од машки пол со непознато етничко потекло.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Во овој инцидент мотивот за
пристрасност е етничко потекло, државјанство или јазик, а индикаторите за пристрасност се:
1. Претпоставена разлика помеѓу сторителот и жртвата според етничка припадност – поради мешаниот
етнички состав на населението во селото Никиштане (селскиот автобус линија бр. 65 поминува
низ селото), етничката припадност на жртвата може да се разликува од онаа на сторителот.
2. Шема / зачестеност на претходни инциденти – Инцидентот бил извршен во автобус на јавен градски
траснпорт што води до заедница со мешана или претежно албанска етничка структура, што е трет таков инцидент за помалку од два месеци.
3. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
Статус на случајот: Поднесени се кривични пријави.
Одговор на надлежните власти: Преку медиумите полицијата изјави дека поднеле кривични
пријави за кривично дело „Насилство“.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата политичка ситуација во земјата и соживотот помеѓу Македонците, од една страна, и
Албанците од друга, како две најголеми етнички заедници во општеството.