ноември 25, 2013

Малолетници нападнале тинејџер и скршиле стакло на „50“-ка

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Инцидент предизвикала вчеравечер група од засега неидентификувани малолетници, чија цел станал автобус на ЈСП на линијата „50“ и еден 18-годишен патник,информира СВР.

Според полицијата, околу 18:40 часот на постојката на Бит Пазар, групата излегувајќи од автобусот првин го нападнале 18-годишниот Х.С., по што скршиле стакло на автобусот и избегале.

СВР Скопје информира дека се трага по сторителите.

14 ДЕКЕМВРИ 2013

Расчистен уште еден случај на малолетничка деликвенција

Министерството за внатрешни работи расчисти и документираше уште еден инцидент од неколкуте што се случија кон крајот на минатиот месец, во кои беа инволвирани малолетни лица.

Како што соопшти, по целосното комплетирање на потребната документација за случајот, до надлежното Оснивно јавно обвинителство е поднесена кривична пријава против Р.Р. (16) и едно непознато лице за сторено кривично дело „насилство“.

Пријавениот, заедно со непознатото лице го извршил кривичното дело на 25 минатиот месец во 20 часот и 50 минути, во автобус на ЈСП-Скопје бр.50., на булеварот „Крсте Мисирков“, на автобуската станица Бит пазар.

Откако Х.С. (18) од Скопје по завршување на шестиот час во ДСУ „Михајло Пупин“ каде што учи, тргнал кон дома и се качил во автобус на ЈСП-Скопје на постојката кај „Боро Петрушевски-АСУЦ“, во автобусот се качила и група ученици кои веднаш почнале вулгарно и некултурно да се однесуваат и да ги провоцираат другите патници во автобусот.

Кога автобусот пристигнал на бул „Крсте Мисирков“, на автобуската станица на Бит пазар, Х.С. бил физички нападнат од пријавениот и од непознатото лице. Без повод и причина му задале удар со тупаница во главата и десното рамо по што се симнале од автобусот и со метален ланец го искршиле стаклото од задната врата.

Вчера е извршено препознавање на лицето од страна на Х.С. и сведокот С.Ј. (18) од Скопје за што се изготвени записници.

Адреса
Boulevard Krste Petkov Misirkov, Skopje 1000, Macedonia (FYROM)

Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Малолетници нападнале тинејџер и скршиле стакло на „50“-ка image