април 6, 2019

Малолетник претепан во Центарот на Скопје ( кај Веро Центар)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: На 06.04.2019 во 01,50 часот во СВР-Скопје Т.Ј.(47) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу
00,20 часот на булеварот „Кузман Јосифоски Питу“ неговиот 16 годишен син бил физички нападнат од неколку
лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 06.04.2019 околу 00,20 часот на булеварот „Кузман Јосифоски Питу“
Скопје ( Веро Центар, НБРМ).
Извор на информации: дневен билтен на МВР, tocka.com.mk
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: неколку непознати сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил во центарот на градот, каде има многу автобуски постојки и голема
фрекфенција на ученици од различни етнички заедници
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, особено безбдноста на
децата и младите луѓе.

Адреса
булеварот „Кузман Јосифоски Питу“
Име на Локација
булеварот „Кузман Јосифоски Питу“

Број на жртви
1
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Малолетник претепан во Центарот на Скопје ( кај Веро Центар) image