март 11, 2020

Малолетник нападнат пред угостителски објект на бул. „Јане Сандански“

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 11.03.2020 во 23.21 часот во СВР Скопје, С.А.(53) од с.Патишка Река, скопско, пријавил дека околу 23.00 часот во угостителски објект на бул.„Јане Сандански“ неговиот 17-годишен син бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничко потекло, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничкото потекло– жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.


Број на жртви
1
Број на сторители
2
Статус на случајот
Нема информации
Малолетник нападнат пред угостителски објект на бул. „Јане Сандански“ image