мај 6, 2019

Малолетник нападнат во Аеродром

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување
Насилство врз малолетници

Што се случило: На 09.04.2019 во 19.30 часот во Полициската станица Аеродром, Б.А.(40) од село Студеничани, скопско, пријавил дека истиот ден околу 15.10 часот на булевар „Трета Македонска Бригада“ неколку лица физички го нападнале неговиот 15-годишен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 09.04.2019 во 19.30 часот околу 15.10 часот на булевар „Трета Македонска Бригада“
Извор на информации: дневен билтен на МВР, електронски медиум
https://press24.mk/maloletnik-napadnat-na-ulica-vo-skopje-0
Инволвирани жртви: една малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РМ)
Сторители: неколку непознати сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло– жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација-настанот се случил на локација каде има неколку средни училишта во кое учат ученици од различни етнички заедници и каде и претходно имало регистрирано вакви настани.

Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
Бул. 3-та македонска бригада, Скопје 1000, Северна Македонија
Име на Локација
Скопски регион Аеродром

Број на жртви
1
Број на сторители
-
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Сериозна закана Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Малолетник нападнат во Аеродром image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против слободите и правата
Криминална закана
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност