Што се случило: На 06.05.2019 година во 17.15 часот во СВР Скопје, Г.Т. (41) од Скопје пријавила дека истиот
ден околу 14.00 часот на булеварот „Видое Смилевски Бато“ нејзиниот 14-годишен син бил физички нападнат
од две лица. Се работи на расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 06.05.2019 година околу 14.00 часот на булеварот „Видое Смилевски
Бато“
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: еден (1) непознат сторител и еден (1) познат сторител (малолетник)
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и сторителите се од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил во во место каде и претходно имало регистрирано вакви настани.
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Поднесен записник за констатиран прекршок по ЗППЈРМ за малолетниот
сторител.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, и особено негативно се
одразуваат на развојот и безбедноста на децата.