Што се случило: На 04.05.2019 година во 20.30 часот во Полициската станица Чаир, Т.Т. пријавила дека околу 18.00 часот на ул.„Тале Христов“ во Скопје ( во близина на средно економско училиште Арсени Јовков) нејзиниот 15-годишен син бил физички нападнат од неколку врсници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 04.05.2019 година околу 18.00 часот на ул.„Тале Христов“
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: 1 малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РМ)
Сторители: неколку малолетни сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло– жртвата и сторителите се од различна етничка заедница.
2. Локација-настанот се случил во близина на средно училиште Арсени Јовков во кое учат ученици од различни етнички заедници и каде и претходно имало регистрирано вакви настани.
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: полицијата работи на расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, и особено негативно се одразуваат на развојот и безбедноста на децата.