април 2, 2019

Малолетник истепан од свои врсници во хемиското училиште во Скопје

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 02.04.2019 во 22.00 часот во СВР Скопје, А.Н.(41) од Скопје пријавила дека истиот ден
околу 11.00 часот во средното училиште „Марија Кири Склодовска“ нејзиниот 16 – годишен син бил физички
нападнат од тројца други ученици. Се работи на расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 02.04.2019 во 22.00 часот, средно училиште Марија Кири Сколодвска
во Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР, novamakedonija.com.mk; kurir.mk
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: тројца (3) малолетни сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и сторителите се од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил во средно училиште во кое учат ученици од различни етнички заедници
и каде и претходно имало регистрирано вакви настани.
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Се работи на расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, и особено негативно се
одразуваат на развојот и безбедноста на децата.

Адреса
ул. 1615 20, Скопје 1000, North Macedonia
Име на Локација
СУГС Марија Кири Склодовска

Број на жртви
1
Број на сторители
3
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад
Име на Локација
Институција
Малолетник истепан од свои врсници во хемиското училиште во Скопје image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност