март 10, 2018

Лице нападнато во старата скопска чаршија во Скопје

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: На 10.03.2018 година околу 15,30 часот Г.Р.(23) од Скопје пријавил дека додека седел
во угостителски објект во старата скопска чаршија, му се приближил Ј.М. и го повикал Г.Р. да излезе
надвор од локалот, по што заедно со уште две непознати лица физички го нападнале. Г.Р. со возило на
Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница Св. „Наум Охридски“. Ј.М. е приведен
во полициска станица и се работи на целосно расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 10.03.2018 година околу 15,30 часот, угостителски објект во
Старата скопска чаршија
Извор на информации: медиуми, МВР билтен
Инволвирани жртви: една жртва.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ)
Сторители: три непознати лица, од кои еден е идентификуван и лишен од слобода, по другите се трага.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата и напаѓачите се од различно етничко потекло (македонци
и албанци) видно од иницијалите;
2. Место – Инцидентот се случил во старата скопска чаршија ( мешана етничка среднина)

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР, се наведува дека едниот сторител
е идентификуван, а по другите двајца се трага и доколку се идентификуваат иститие ќе бидат лишени
од слобода.
Исто така се наведува дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен
поднесок до ОЈО.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на децата и младите луѓе.

Адреса
Старата скопска чаршија
Име на Локација
угостителски објект во Старата скопска чаршија

Број на жртви
1
Број на сторители
3
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Лице нападнато во старата скопска чаршија во Скопје image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност