април 22, 2019

Кумановец ширел и поттикнувал омраза и насилство преку Facebook

Инцидент
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост
Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем

Што се случило: На 22.04.2018 СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Ј. (43) од с.Пелинце, о.Старо
Нагоричане поради сомнение дека сторил кривично дело „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал
по пат на компјутерски систем“ член 394-г ст.1 од КЗ на РСМ. Делото го сторил на 21.04.2019 преку социјалната
мрежа Facebook.

Датум, време и место на инцидентот: 22.04.2019 година Facebook, Пелинце, Куманово.
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: нема
Вид на злосторства: Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем (Член
394-г, КЗ на РСМ)
Сторители: еден (1) познат сторител, И.Ј. од Куманово
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – сторителот ширел говор на омраза против различна етничка заедница.
2. Начин на сторување – многу често социјалните медиуми особено Facebook се користи како простор за
сторување на ваков вид инциденти

Статус на случајот: поднесена кривична пријава
Одговор на локалните власти: Сторителот бил привреден и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок
за кривично дело по член 394-г од КЗ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
с.Пелинце
Име на Локација
о.Старо Нагоричане

Број на жртви
-
Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Кумановец ширел и поттикнувал омраза и насилство преку Facebook image

Основа

Националност Етничка припадност