мај 17, 2020

Кривична пријава против лице од с. Туин поради ширење на расистички и ксенофобичен материјал на интернет

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Б.А.(30) од с.Туин, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 17.05.2020 на социјалната мрежа „Фејсбук“, пријавениот објавил фотографии од двајца полициски службеници без нивна согласност и напишал коментар со кој поттикнува омраза.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничката припадност, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничкото потекло– жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
  2. Модел на претходни инциденти

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.


Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
-
Кривична пријава против лице од с. Туин поради ширење на расистички и ксенофобичен материјал на интернет image