декември 12, 2016

Кражба во партиски штаб во Кавадарци (непотврдено)

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило Непознат сторител извршил тешка кражба од партиски штаб на политичка партија
во Кавадарци. Сторителот влегол и одзел неколку пакети вода и сокови, мала греалка и апарат
за кафе. Според информациите пренесени од медиумите, се преземаат мерки за пронаоѓање на
сторителот и за целосно расчистување на настанот.

Датум, време и место на инцидентот: Помеѓу 12.12 и 13.12.2016, партиски штаб на политичка
партија во Кавадарци.
Извор на информации: Електронски медиум Либертас.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ), Тешка кражба (Член 236 КЗ).
Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга
дискриминаторска основа (Член 319, КЗ)
Сторители: Непознат сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е партиски штаб на политичка партија;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на кражби и
оштетување на партиски штабови во предизборниот период

Статус на случајот: Затворен.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека од страна на ПС ОН
Кавадарци бил извршен увид на местото на настанот при што било констатирано дека се работи
за кривично дело „Кражба“ (чл.235 ст.2 од КЗ), а бидејќи ова кривично дело се гони по приватна
тужба не е поднесена кривична пријава против непознат сторител до ОЈО.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање општата политичка
стабилност во земјата.

Адреса
Кавадарци
Име на Локација
партиски штаб

Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Име на Локација
Друга јавна локација
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Кражба во партиски штаб во Кавадарци (непотврдено) image

Кривични дела

Против сопственоста
Грабеж Оштетување на имотот

Основа

Политичка припадност