февруари 14, 2014

Каменување на подрачната канцеларија на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) во скопската општина Бутел (верифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: Во текот на ноќните часови, непознати сторители ја каменувале локалната
подрачна канцеларија на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) во скопската општина Бутел.

Датум, време и место на инцидентот: 14 февруари, 03:30 наутро, подрачната канцеларија на
Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ) во Скопје, Општина Бутел.
Извор на информацијата: Националниот електронски медиум „медиа мкд.мк“ (media mkd.mk)
Вклучена(и) жртва(и): Освен материјална штета, во овој инцидент немало други директни жртви.
Вид на кривично дело(а): Оштетување туѓи предмети чл. 243 КЗРМ .
Сторител(и): Непознати
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Во овој инцидент, мотивот на
пристрасност е политичка припадност и политички убедувања, а индикаторот на пристрасност е:
1. Метата / перцепција на жртвата – мета е подрачната канцеларија на опозициската партија, може
да се толкува како чин на застрашување.

Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на надлежните власти: Преку медиумите полицијата изјави дека работат на расчистување
на случајот, но Комитетот нема информации за можни обвиненија.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата политичка стабилност во земјата.

Address
Скопје, Општина Бутел
Location Name
подрачната канцеларија на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ)

Number of victims
-
Number of Perpetrators
-
Status of the case
Под истрага
Type of incident?
Уништување на имот
Incident location
Друга јавна локација
How did the police react?
Тие го истражуваат инцидентот
Have there been similar incidents / crimes in the same location?
Да
Каменување на подрачната канцеларија на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) во скопската општина Бутел (верифицирано) image

Criminal offences

Against Property
Оштетување на имотот

Grounds

Политичка припадност