март 12, 2014

Каменување на воз во кумановската Железничка станица (неверифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: Непознати сторители го каменувале возот од Табановце до Скопје во близина на
Железничката станица во Куманово, притоа оштетувајќи ги прозорците од вагоните.

Датум, време и место на инцидентот: 12 март, во близина на Железничката станица во Куманово.
Извор на информацијата: Локалниот електронски медиум курир.мк (kurir.mk).
Вклучена(и) жртва(и): Освен материјалната штетна, немало директни жртви во овој инцидент.
Вид на кривично дело(а): Оштетување туѓи предмети чл. 243 КЗРМ .
Сторител(и): Непознат(и).
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е етничко потекло, државјанство или јазик, додека индикаторите за пристраност во овој
инцидент се:
1. Претпоставена разлика помеѓу сторителот и жртвата според етничка припадност – Со оглед
на мешаниот етнички состав на населението во селото Табановце (селото до кое води возот),
етничката припадност на жртвата може да е различна од таа на сторителот.
2. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
3. Недостаток на други мотиви.

Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на надлежните власти: Преку „„Одговор на барање““ за информации од јавен карактер
Министерството за внатрешни работи му одговори на Комитетот дека биле спроведени повеќе
разговори со членови на локалната заедница, но тие немаат до тој момент немале никакви
дополнителни информации. Полицијата продолжува да работа на расчистување и документирање
на случајот.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата политичка состојба во земјата и соживотот помеѓу Македонците, од една страна, и
Албанците од друга, како две најголеми етнички заедници во државата.

Адреса
Железничка станица во Куманово.
Име на Локација
Железничка станица во Куманово.

Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Каменување на воз во кумановската Железничка станица (неверифицирано) image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност