април 4, 2014

Каменување на возила што превезувале учесници на политичкиот митинг орханизиран од Демократската унија за интеграција (ДУИ) (верифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило:. Група од околу 15 лица каменувале три возила што превезувале учесници на
политички митинг организиран од Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), по што избегале.

Датум, време и место на инцидентот: 4 април, во мостот „Влајко“ во Општина
Карпош, Скопје.
Извор на информацијата: Печатениот медиум Нова Македонија.
Вклучена(и) жртва(и): Непознат број на патници во три патнички возила.
Вид на кривично дело(а): Загрозување на сигурноста Чл. 144, Оштетување туѓи предмети чл. 243
КЗРМ .
Сторител(и): Непознат.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е политичка припадност и политчко убедување, а индикаторите на пристрасност во овој
инцидент се:
1. Перцепција на жртвата – За време на инцидентот, жртвите биле вклучени во активност чија цел
била промовирање на нивните политички убедувања.
2. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
3. Недостаток на други мотиви.

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на надлежните власти: Преку „„Одговор на барање“то за информации од јавен
карактер“ пратено од Комитетот, Министерството за внатрешни работи изјави дека се преземаат
сите неопходни мерки за расчистување на случајот.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата политичка ситуација во земјата и соживотот помеѓу различните заедници во општеството.

Address
мостот „Влајко“ во Општина Карпош, Скопје
Location Name
мостот „Влајко“ во Општина Карпош, Скопје

Number of victims
-
Number of Perpetrators
15
Status of the case
Под истрага
Type of incident?
Уништување на имот Сериозна закана Насилство
Incident location
Улица
How did the police react?
Тие го истражуваат инцидентот
Каменување на возила што превезувале учесници на политичкиот митинг орханизиран од Демократската унија за интеграција (ДУИ) (верифицирано) image

Criminal offences

Against Property
Оштетување на имотот
Against the Public Order
Насилство

Grounds

Политичка припадност