Што се случило:. Група од околу 15 лица каменувале три возила што превезувале учесници на
политички митинг организиран од Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), по што избегале.
Датум, време и место на инцидентот: 4 април, во мостот „Влајко“ во Општина
Карпош, Скопје.
Извор на информацијата: Печатениот медиум Нова Македонија.
Вклучена(и) жртва(и): Непознат број на патници во три патнички возила.
Вид на кривично дело(а): Загрозување на сигурноста Чл. 144, Оштетување туѓи предмети чл. 243
КЗРМ .
Сторител(и): Непознат.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е политичка припадност и политчко убедување, а индикаторите на пристрасност во овој
инцидент се:
1. Перцепција на жртвата – За време на инцидентот, жртвите биле вклучени во активност чија цел
била промовирање на нивните политички убедувања.
2. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
3. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на надлежните власти: Преку „„Одговор на барање“то за информации од јавен
карактер“ пратено од Комитетот, Министерството за внатрешни работи изјави дека се преземаат
сите неопходни мерки за расчистување на случајот.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата политичка ситуација во земјата и соживотот помеѓу различните заедници во општеството.