Што се случило: Едно лице пријавило дека додека седел внатре во просториите на штабот на
политичката партија „ВМРО-ДПМНЕ“ на ул.„Цветан Димов“, од страна на малолетни лица со
камења било извршено оштетување (скршено прозорско стакло). Во дневниот билтен на МВР е
наведено дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 18 март, околу 22:45 часот, партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ
во нас. Чаир, Скопје
Извор на информации: Дневен билтен на Министерство за внатрешни работи.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ)
Сторители: Група од неколку малолетни лица.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е штабот на политичка партија
2. Модел на претходни инциденти – На овој инцидент му претходат инциденти од претходниот
месец, кога беа оштетени партиските штабови на СДСМ повеќе градови во земјата;
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
МХК го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека се работи за кривично дело
„Оштетување туѓи предмети“ кое се гони по приватна тужба согласно чл.243 од КЗ и сè уште се
преземаат мерки и активности за расветлување на настанот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент има негативни финансиски импликации за
политичката партија и предизвикува безбедносна загриженост во заедниците во кои таа делува.