Што се случило: Непознато лице каменувало автобус во движење на релација Автокоманда-Сарај.
Инцидентот се случил кога непознатото лице со фрлање на камења искршил повеќе стакла од
автобусот „Јутонг“ на ЈСП-Скопје на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје. Инцидентот се случил
три и пол часа откако биле каменувани четири автомобили по завршување на фудбалскиот
натпревар помеѓу Шкендија и Млада Болеслав.
Датум, време и место на инцидентот: 29 јули, околу 00:30 часот, улица „Борис Сарафов“, Ѓорче
Петров, Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум Прес 24.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ)
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – автобусот транзитирал низ област населена
од луѓе со мешан етнички состав; улицата од која е каменуван автобусот се наоѓа во област
населена од луѓе со мешан етнички состав;
1. Природа на насилство – инцидентот се случил во јавност;
2. Модел на претходни инциденти- во текот на истата ноќ, само три и пол часа пред овој инцидент
биле каменувани четири автомобили по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу Шкендија
и Млада Болеслав.
Сторители: Непознати.
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека на 05.08.2016 од страна
на одговорно лице од ЈСП во ПС ОН „Ѓорче Петров“ е поднесен записник за примање кривична
пријава, како и дека СВР Скопје презема мерки и активности за расветлување на кривично правниот
настан и утврдување на идентитетот на сторителот по што ќе следува соодветен поднесок.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.