ноември 29, 2016

Каменуван автобус бр. 65 на ЈСП, повредено 17 годишно момче (непотврдено)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: Седумнаесетгодишник од скопското село Булачани бил повреден во главата кога
автобусот на ЈСП бр. 65 со кој патувал бил каменуван од непознат сторител. Со возило на Итна
медицинска помош бил пренесен во болницата „Св.Наум Охридски“ каде му биле констатирани
телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. Возачот на автобусот во Полициската
станица Гази Баба пријавил дека додека го управувал автобусот, кој сообраќал на редовна линија
бр.65, непознат сторител фрлил камен во правец кон автобусот и искршил еден од прозорите од
вториот кат. Во дневниот билтен на МВР се наведува дека се преземаат мерки за пронаоѓање на
сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 29 ноември, околу 21:55 часот, во автобус на ЈСП бр.65 кој
се наоѓал на ул.„Методија Андонов Ченто“ и ул. „Палмиро Тољати“ , Скопје.
Извор на информации: ТВ Алсат.
Инволвирани жртви: Едно седумнаесетгодишно лице.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ)
Сторители: Непознат сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – автобусот бр.65 транзитира низ област
населена од луѓе со мешан етнички состав; местото од каде е каменуван автобусот се наоѓа во
област населена од луѓе со мешан етнички состав
2. Модел на претходни инциденти – ова е последен инцидент од растечкиот тренд на каменување
на автобусот на ЈСП бр.65
3. Природа на насилство – инцидентот се случил во јавност;

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: До моментот на пишување на овој извештај, МВР не одговори на
Барањето за информации од јавен карактер кое Комитетот го испрати во врска со овој инцидент.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.

Адреса
ул.„Методија Андонов Ченто“
Име на Локација
автобус на ЈСП бр.65

Број на жртви
1
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Каменуван автобус бр. 65 на ЈСП, повредено 17 годишно момче (непотврдено) image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност