мај 14, 2018

Каменуван автобус бр. 65 во с. Синѓелиќ

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: На 14.05.2018 година околу 18.50 часот на ул. „Алија Авдовиќ“ во Скопје, автобус
на Јавното сообраќајно претпријатие, кој сообраќал на линијата бр.65, од Транспортен центар кон
с.Стајковци, бил запрен од страна на лица А.Ј. (18) и 16-годишник, двајцата од с.Сингелиќ, со патничко
возило „Пежо 206“ со кумановски регистарски ознаки. Откако го запреле автобусот, излегле од возилото
и побарале од возачот на автобусот да ги отвори вратите. Возачот одбил, по што 16-годишникот со камен
скршил едно странично стакло на автобусот. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници
излегле на местото на настанот и преземале соодветни мерки и активности. Двете лица се приведени
во полициска станица и таму изјавиле дека го запреле автобусот затоа што во него се возеле три лица
кои претходно нив ги нападнале. Од оштетувањето на автобусот, две лица се пожалиле на повреди во
пределот на грбот, по што биле упатени на преглед во Градската општа болница. Се преземаат мерки
за целосно расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 14.05.2018 година околу 18.50 часот на ул. „Алија Авдовиќ“ во
Скопје.
Извор на информации: дневен весник Нова Македонија.
Инволвирани жртви: нема
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ), Предизвикување на општа
опасност (Член 288, КЗ на РСМ)
Сторители: 2 идентификувани сторители од кои еден е малоетник (16).
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Модел на претходни инциденти – напади и каменување на авотбуси, особено автобус со бр. 65
2. Место- нападот се извршил во с. Синѓелиќ, место каде често доаѓа до меѓуетнички конфликт
помеѓу млади луѓе.

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР овој инцидент кај нив е регистриран
како нарушување на јавен ред и мир по член 12 од ЗППЈРСМ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и особено
безбедноста на децата и младите луѓе во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив ( училишта,
јавен превоз, населби во кои живеат и се движат).

Address
ул. „Алија Авдовиќ“ с. Синѓелиќ
Location Name
ул. „Алија Авдовиќ“ с. Синѓелиќ

Number of victims
-
Number of Perpetrators
2
Status of the case
Нема информации
Type of incident?
Уништување на симболи Физички напад Насилство
Incident location
Улица
How did the police react?
Тие го истражуваат инцидентот
Have there been similar incidents / crimes in the same location?
Да
Каменуван автобус бр. 65 во с. Синѓелиќ image

Criminal offences

Against Property
Оштетување на имотот
Against the Public Order
Насилство

Grounds

Етничка припадност Религија или уверување