ноември 7, 2016

Искршени прозорците на штабот на СДСМ во Арачиново (потврдено)

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: Од страна на непознати сторители, во раните утрински часови биле искршени
четири прозорски стакла од партискиот штаб на СДСМ во Арачиново.

Датум, време и место на инцидентот: 7 ноември, околу 05:00 часот, партиски штаб на СДСМ во
Арачиново.
Извор на информации: Телевизија Телма, Електронски медиум МКД.мк.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ), Предизвикување омраза, раздор
или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа (Член 319, КЗ)
Сторители: Непознати.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е штабот на најголемата опозициска партија;

Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека СВР Скопје презема
мерки и активности за расветлување на кривично правниот настан и утврдување на идентитетот
на сторителот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање општата политичка
стабилност во земјата.

Address
Арачиново
Location Name
партиски штаб на СДСМ

Number of victims
-
Number of Perpetrators
-
Status of the case
Под истрага
Type of incident?
Уништување на имот
Incident location
Друга јавна локација
How did the police react?
Тие го истражуваат инцидентот
Have there been similar incidents / crimes in the same location?
Да
Искршени прозорците на штабот на СДСМ во Арачиново (потврдено) image

Criminal offences

Against Property
Оштетување на имотот

Grounds

Политичка припадност