октомври 1, 2022

Инцидент на фудбалскиот натпревар Тетекс – Каменица Саса

Инцидент
Инциденти сторени на спортски натпревари

Што се случило: На 1 октомври, во продолжението од фудбалскиот натпревар помеѓу Тетекс – Каменица Саса, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Н.А.(18) од Тетово, кој ја прескокнал оградата од главната трибина и физички го нападнал гостинскиот фудбалер Б.С.(38) од Пробиштип. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничкото потекло, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничко потекло – сторителот и жртвата се од различна етничка заедница
  2. Локација – настанот се случил на место каде што и претходно се случувале вакви инциденти

    Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.


Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
-
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад
Инцидент на фудбалскиот натпревар Тетекс – Каменица Саса image