август 26, 2019

Инцидент на Плоштадот Скендер Бег во Скопје

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: На 26.08.2019 околу 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека повеќе лица, почнале
расправија во угостителски објект на плоштадот „Скендер бег“, а потоа и физички, надвор од објектот, ги
нападнале Н.М. (20), Б.М. (17), Ф.Х. (17), Ф.В. (17), П.С. (17) и Д.М. (45), сите од Скопје. Се преземаат мерки за
расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 26.08.2019, 23.30 часот, Скопје
Извор на информации: дневен билтен на МВР, mkd.mk; emagazin.mk; press24.mk; centar.mk; kurir.mk
Инволвирани жртви: шест (6) жртви
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: повеќе непознати сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвите и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил на место каде циркулира мешано етничко население.

Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
плоштадот „Скендер бег“,
Име на Локација
плоштадот „Скендер бег“,

Број на жртви
6
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Физички напад Насилство
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Инцидент на Плоштадот Скендер Бег во Скопје image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност