Што се случило: Во јуни, до Хелсиншкиот комитет се обрати Горан Садикарио, директор на Музејот на Холокаустот на Евреите во Македонија кој нѐ инфомираше дека навивачката група Балисти од Тетово на неколку места во градот испишале графити со нацистички симболи. Дополнително, со нас ги сподели и реакциите на еврејската заедница за претходните случувања на карневалот во Струмица, каде што имало маска со ликот на Хитлер, како и графит со кукаст крст на оградата на Еврејската заедница.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е верското уверување, а пристрасните индикатори се:
- Религиско уверување – графитите се насочени кон припадници на еврејската заедница
- Локација – еден од графитите е нацртан на оградата на Еврејската заедница
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните групи во општеството.