јуни 7, 2023

Злосторство од омраза врз основа на раса, боја на кожа и етничко потекло

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост
Расна или друга дискриминација

Што се случило: На 7 јуни 2023 година во медиумите беше објавена вест за навредливи графити со кукасти крстови и натписи „Ѓупци“, испишани со црн спреј врз куќи на ромско население на улица Дебарска во Битола. Се работи за уште еден случај на злостортво од омраза, со порака која упатува на повик за насилство кон ромската етничка заедница.
Хелсиншкиот комитет на 15 јуни во Битола се сретна со еден жител на улицата Дебарска, кој ни даде повеќе информации за самиот настан, како и за тоа дека ова не е првпат да се случува ваков вид на заплашување и загрзозување на сигурноста на ромското население таму. Полициски службеници излегле на терен, но жителите немаат информации за понатамошното постапување. Дел од графитите беа исчистени од самите жители, но по документирање на преостанатите графити, Хелсиншкиот комитет за човекови права заедно со едно лице во својство на оштетен подготви кривична пријава до ОЈО Битола за сторено кривично дело Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 в.в. Загрозување на сигурноста од член 144 ст.3 од КЗ. Во меѓувреме, непосредно пред поднесување на кривичната пријава, оштетениот бил физички нападнат на истото место каде што беа испишани графитите, неговата претпоставка е дека нападот го извршиле истите сторители. Поради тоа кривичната пријава ќе биде поднесена поради сторено кривично дело од член 319 став 2 од КЗ

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничкото потекло, расата и бојата на кожата, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничко потекло – графитот е насочен кон припадници на ромската заедница
  2. Локација – графитите се нацртани во населба каде што живеат Роми
  3. Модел на претходни инциденти – претходни настани на заплашување и загрозување на сигурноста на ромското население во таа населба
  4. Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.


Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
-
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Име на Локација
Дома
Злосторство од омраза врз основа на раса, боја на кожа и етничко потекло image

Основа

Раса Боја на кожа Етничка припадност