октомври 19, 2018

Закани преку Твитер

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување
Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем

Што се случило: Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Секторот за компјутерски
криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи, до надлежното јавно
обвинителство, поднесе кривична пријава против И.С.(41) од Струмица поради постоење основи
на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурност“ и „ширење на расистички и
ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На социјалната мрежа Твитер на 19.10.2018 во
09:20 часот, споделил расистичка и кснефобична содржина наменета за лицето С.А.. И.С. бил повикан
на службен разговор во СВР Струмица, каде појаснил дека Твитер профилот на кој е споделена објавата
е негов и дека тој е автор на објавата.

Датум, време и место на инцидентот: На социјалната мрежа Твитер на 19.10.2018 во 09:20 часот
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем
(Член 394-г ст. 1, КЗ на РСМ).
Сторители: И.С. (42) од Струмица
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е политичка
припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Модел на претходни инциденти – и претходно се регистрирани инциденти на вршење на овие дела
преку социјални мрежи.

Статус на случајот: поднесена кривична пријава КУ бр. 33.4-500 од 26.10.2018
Одговор на локалните власти: На барањето доставено до МВР во врска со овој инцидент, дали има
индикатори со кои ќе се потврди дело од омраза, добивме одговор во Јануари 2019, дека во врска со овој
случај поднесена е кривична пријава до КУ бр. 33.4-500 од 26.10.2018 надлежно ЈО за понатамиошно
делување.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање општата политичка
стабилност во земјата.

Адреса
Струмица, Северна Македонија
Име на Локација
Струмица, Северна Македонија

Број на жртви
-
Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го фатија сторителот
Закани преку Твитер image

Кривични дела

Против јавниот ред
criminal_offences_06_against_the_public_order_2: Spreading racist and xenophobic material via information system
Против државата
Предизвикување национална, расна или верска омраза, раздор и нетолеранција

Основа

Политичка припадност