Што се случило: На 21.06.2020, во 03:40 часот, на ул. Ѓорче Петров, по пријава рано наутро за ексползија и чад во пекара, полиција излезе на место на настанот. Иницијално, полицијата се сомнева на експлозивна направа со оглед на штетата во објектот – предната врата е извадена од рамката, прозорците се скршени и други штети внатре во објектот. Нема повредени од настанот. Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски во изјава за медиумите изјави дека пекарата е сопственост на неговото семејство.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е политичка припадност, а пристрасните индикатори се:
- Целна локација – имотот бил во сопственост на портпарол на политичка партија
- Време – инцидентот се случи за време на предизборие.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна и политичка состојба во државата