мај 6, 2014

Експлодирала бомба во бањата на нападнатото семејство од Радишани (неверифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: Во вечерните часови, непознати сторители фрлиле рачна бомба во бањата на
семејството што било цел на напад неколку недели претходни, опишан во инцидент бр. 39.

Датум, време и место на инцидентот: 6 мај, Радишани, Скопје.
Извор на информацијата: Националниот електронски медиум „либертас.мк“ (libertas.mk) – мкд и
„лајмпрес.ком“(lajmepress.com) – алб.
Вклучена(и) жртва(и): Освен материјалната штетна, немало директни жртви во овој инцидент.
Индиректните жртви, семејството што било цел на нападот, изјавиле дека повеќе од триесет
членови од нивното семејство се иселиле од земјата, затоа што се плашеле за личната сигурност
по првиот инцидент.
Вид на кривично дело(а): Поттикнување на омраза, раздор и нетолерација врз национална, расна,
верска или друга дискриминаторска основа Чл. 319 КЗРМ, Загрозување на сигурноста Чл. 144,
Оштетување туѓи предмети Чл. 243.
Сторител(и): Непознат број на сторител(и).
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е етничкото потекло, државјанство или јазик, додека индикатори на пристрасност во
овој инцидент се:
1. Перцепција на жртва/сведок – врз основа на изјавите дадени за медиуми, јасно е дека (индиректните)
жртви сметаат дека инцидентот е предизвикан од пристрасност.
2. Претпоставена разлика помеѓу сторителот и жртвата според етничка припадност – поради фактот што ова е втор инцидент, додека учесниците во првиот беа со различно етничко потекло.
3. Шема/зачестеност на претходни инциденти – на овој инцидент му претходи инцидент од неколку
недели претходно, кога истото семејство било на мета (инцидент бр.39).
4. Недостаток на други мотиви.

Статус на случајот: Под истрага, поднесени се кривични пријави.
Одговор на надлежните власти: Преку „Одговор на барање“ за информација од јавен карактер, на
барањето пратено од Комитетот Министерството за внатрешни работи изјави дека се поднесени
кривични пријави за дело „Предизвикување општа опасност“ (Чл.288 КЗРМ). Сепак, нема одговор
во врска со фактот што укажува на можниот мотив за делото.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата политичка состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички заедници во
општеството.

Адреса
Радишани, Скопје.
Име на Локација
Радишани, Скопје.

Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Сериозна закана Насилство
Име на Локација
Дома
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Експлодирала бомба во бањата на нападнатото семејство од Радишани (неверифицирано) image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот
Против јавниот ред
Насилство
Против државата
Предизвикување национална, расна или верска омраза, раздор и нетолеранција

Основа

Раса Националност Етничка припадност