Што се случило: По вербална расправа, петнаесет-годишен ученик од албанско етничко потекло
од скопското средно училиште „Здравко Цветковски“ прободел шеснаесет-годишен ученик од
македонска етничка припадност од истото учичиште. Според медиумите, неколку дена подоцна
директорот на училиштето и класниот раководител на жртвата ги замолил родителите на жртвата
да го префрлат нивниот син во друго училиште со цел да се избегнат понатамошни инциденти.
Датум, време и место на инцидентот: 26 ноември, 10:30 часот, Трговски центар „Лептокарија“, во
близина на средното училиште „Здравко Цветковски“ во Скопје.
Извор на информацијата: Национална телевизија „Канал 5“, национален весник „Дневник“.
Вклучена(и) жртва(и): Еден 16-годишен средношколец со македонско етничко потекло.
Вид на кривично дело(а): Насилство (Чл.386), Тешка телесна повреда (Чл.131).
Сторител(и): Еден 15-годишен средношколец со албанско етничко потекло.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Во овој инцидент, мотивот на
пристрасност е етничкото потекло, државјанството или јазикот, додека индикаторите на
пристраност се:
1. Разлика помеѓу сторител и жртва според етничка припадност.
2. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на надлежните власти: Министерството за внатрешни работи одговори на Барање
за информации од јавен карактер испратено од Комитетот, дека е поднесеа Кривична пријава
против едно лице за кривично дело Насилство.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата безбедносна состојба во земјата, и соживотот помеѓу различните етнички групи во
општеството.