февруари 12, 2015

Десетгодишник сериозно повреден во тепачка во близина на „Веро центар“ во Скопје (неверифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: Едно дете се здобило со сериозни повреди, а други три се здобиле со полесни
повреди по брутална тепачка во близина на „Веро центар“ во Скопје. Две групи учествувале во
тепачката – една од селото Катланово (населено претежно со Македонци) и другата од селото Батинци (претежно со муслиманско население, од кои најголем број се Албанци).

Датум, време и место на инцидентот: 12 февруари, во близина на „Веро- центар“ во Скопје.
Извор на информацијата: Националниот медиум „Вест“.
Вклучена(и) жртва(и): Еден малолетник од македонско етничко потекло и три млади момчиња од
Батинци.
Вид на кривично дело(а): Тешки телесни повреди (Чл.131 КЗРМ), Учество во тепачка (Чл.132),
Поттикнување омраза, раздор и нетрпеливост врз национална, расна, верска или друга
дискриминаторска основа (Чл.319).
Сторител(и): Девет млади момчиња, од кои петмина од Батинци, а четворица (вклучувајќи и еден
малолетник) од Катланово.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Во овој инцидент мотивот на
пристраност е етничко потекло, државјанство или јазик, а индикаторите на пристраност се:
1. Разлика помеѓу сторителот и жртвата според етничка припадност – Земајќи ја во предвид
доминатната етничка структура на селата од кои доаѓааат.
2. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
3. Недостаток на други мотиви.

Статус на случајот: Поднесени се кривични пријави.
Одговор на надлежните власти: Преку медиумите полицијата изјави дека ќе ги преземат
сите соодветни мерки. Министерството за внатрешни работи преку „„Одговор на барање““ за
информации од јавен карактер на барањето на Комитетот одговори дека тие поднеле пријава за
кривични дело во врска со инцидентот. Сепак, не дадоа информации во врска со конкретното
кривично дело, или што е тоа што би укажало на можен мотив за делото.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата политичка ситуација во земјата и соживотот помеѓу Македонците, од една страна, и
Албанците од друга, како две најголеми етнички заедници во општеството.

Адреса
„Веро- центар“ во Скопје
Име на Локација
„Веро- центар“ во Скопје

Број на жртви
4
Број на сторители
9
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Сериозна закана Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го фатија сторителот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Десетгодишник сериозно повреден во тепачка во близина на „Веро центар“ во Скопје (неверифицирано) image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против слободите и правата
Криминална закана
Против јавниот ред
Насилство
Против државата
Предизвикување национална, расна или верска омраза, раздор и нетолеранција

Основа

Националност Етничка припадност