август 5, 2014

Демолирање на кафе-бар во Скопје поради македонска музика (верифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: Група од околу десет сторители околу полноќ започнале вербална расправија што
кулминирала со демолирање на барот Њу Орлеанс во Старата Чаршија во Скопје и оштетување приватен имот. На нападот му претходела вербална расправија кога еден од сторителите побарал
диџејот да не пушта македонска пузика. Покасно во постапката, Јавниот Обивинител докажал
дека сторителите биле членови на навивачкиот клуб „Шверцери“.

Датум, време и место на инцидентот: 5 август, 00:00 часот, Стара Чаршија, Скопје.
Извор на информацијата: Локалниот електронски медиум „скопјеинфо.мк“.
Вклучена(и) жртва(и): Освен материјалната штетна, немало директни жртви во овој инцидент.
Вид на кривично дело(а): Учество во тепачка (Чл.132), Учество во толпа што ќе спречи службено
лице во вршење на службено дејствие (Чл.384).
Сторител(и): Група од околу десет сторители, Албанци од машки пол.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е верска припадност или убедување, додека индикатори на пристрасност во овој
инцидент се:
1. Разлика помеѓу сторителот и жртвата врз основа на етничка припадност според етничка основа –
сторителите биле Албанци, додека сопственикот на локалот е Македонец.
2. Коментарите на местото на настанот – На инцидентот му претходела вербална расправија во
која сторителите побарале од диџејот да не пушта македонска музика.
3. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
4. Недостаток на други мотиви.

Статус на случајот: Двајца од сторителите биле прогласени за виновни и осудени.
Одговор на надлежните власти: Властите го расчистија случајот, поднесоа пријава, покренаа
постапка и осудија двајца од сторителите за делото „Насилство“.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички заедници во
општеството.

Адреса
Стара Чаршија, Скопје
Име на Локација
Стара Чаршија, Скопје

Број на жртви
-
Број на сторители
10
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Сериозна закана Насилство
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Демолирање на кафе-бар во Скопје поради македонска музика (верифицирано) image

Кривични дела

Против слободите и правата
Криминална закана
Против сопственоста
Оштетување на имотот
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност