ноември 25, 2016

Делумно изгорени два билборди со фотографии од кампањата на ДУИ (потврдено)

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: Во населбата Ѓорче Петров, од страна на непознат сторител делумно биле
изгорени двa билбордa со фотографии на претставници на политичката партија ДУИ.

Датум, време и место на инцидентот: 25 ноември, околу 14:25 часот, на раскрсницата од ул. „Ѓор-
че Петров“ со ул.„Кузман Шапкарев“., нас. Ѓорче Петров, Скопје.

Извор на информации: Електронски медиум Скопјеинфо.мк.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ), Предизвикување омраза, раздор
или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа (Член 319, КЗ)
Сторители: Непознати.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е по-
ли тичка припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Оштетени објекти – на билбордите биле поставени материјали од политичката партија ДУИ
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на оштетување
на билборди со политичка содржина во предизборниот период

Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека СВР Скопје презема
мер ки и активности за расветлување на кривично правниот настан и утврдување на инволвирани
лица по што ќе следува соодветен поднесок.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање општата политичка
стабилност во земјата.

Адреса
нас. Ѓорче Петров, Скопје
Име на Локација
на раскрсницата од ул. „Ѓор- че Петров“ со ул.„Кузман Шапкарев“

Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Делумно изгорени два билборди со фотографии од кампањата на ДУИ (потврдено) image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот
Против државата
Предизвикување национална, расна или верска омраза, раздор и нетолеранција

Основа

Политичка припадност