Што се случило: Во населбата Ѓорче Петров, од страна на непознат сторител делумно биле
изгорени двa билбордa со фотографии на претставници на политичката партија ДУИ.
Датум, време и место на инцидентот: 25 ноември, околу 14:25 часот, на раскрсницата од ул. „Ѓор-
че Петров“ со ул.„Кузман Шапкарев“., нас. Ѓорче Петров, Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум Скопјеинфо.мк.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ), Предизвикување омраза, раздор
или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа (Член 319, КЗ)
Сторители: Непознати.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е по-
ли тичка припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Оштетени објекти – на билбордите биле поставени материјали од политичката партија ДУИ
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на оштетување
на билборди со политичка содржина во предизборниот период
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека СВР Скопје презема
мер ки и активности за расветлување на кривично правниот настан и утврдување на инволвирани
лица по што ќе следува соодветен поднесок.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање општата политичка
стабилност во земјата.