октомври 3, 2013

Девојче нападнато на автобуска станица во Автокоманда

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Едно лице без повод и причина нападнало девојче што чекало автобус на автобуска станица во Автокоманда, дознава Телеграф од полициски извори.

Според информациите, денеска околу 13 часот на автобуска постојка во Автокоманда, додека Нурије. А. (16) од село Батинци чекала автобус, од автобус број „65“ се симнале четири непознати лица, од кои едното ја удрило со нога во предниот дел на градите.

Девојчето побарало помош во Градската општа болница во Скопје, каде што ѝ биле констатирани телесни повреди. По укажаната лекарска помош таа е пуштена на домашно лекување.

Адреса
Jani Lukrovski, Skopje 1000, Macedonia (FYROM)

Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Девојче нападнато на автобуска станица во Автокоманда image