Што се случило: Во близина на Бит Пазар, околу 17 часот, додека автобусот на ЈСП број 50 се
движел од Бит Пазар кон Центар, десетина непознати машки лица, на горниот кат од автобусот,
физички нападнале две седумнаесетгодишни момчиња од селата Орман и Мирковци. Според
информации од МВР, двајцата малолетници се здобиле со видливи повреди и со отоци по лицето
и телото.
Датум, време и место на инцидентот: 10 ноември, околу 17 часот, во автобус на ЈСП бр.50, на
релација од Бит Пазар кон Центар.
Извор на информации: Електронски медиум Плусинфо.
Инволвирани жртви: Две малолетни лица.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ)
Сторители: Група од десетина непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – сторителите и жртвите се возеле во автобус
бр.50 кој транзитира во област населена од луѓе со мешан етнички состав; можно е етничката
припадност на сторителите да е различна од онаа на жртвите
2. Природа на насилство – инцидентот се случил во јавност;
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека СВР Скопје презема
мерки и активности за расчистување на извршеното нарушување на јавниот ред и мир, по што ќе
следува соодветен поднесок.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.