јули 10, 2014

Две лица нападнати со нож во Жена Парк во Скопје (неверифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: Непознат сторител се приближил до двојка што седела на клупа, почнал да ги
малтретира, извадил нож и продолжил да кажува навреди.

Датум, време и место на инцидентот: 10 јули, 17:00 часот, Жена Парк, Скопје
Извор на информацијата: Локалниот електронски медиум скопјеинфо.мк (skopjeinfo.mk).
Вклучена(и) жртва(и): Две лица (машко и женско) од селото Бујковци, најверојатно Македонци.
Вид на кривично дело(а): Тешка телесна повреда Чл. 131 КЗРМ, Насилство (Чл.386), Загрозување
на сигурноста (Чл.144), Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница (Чл.133 КЗРМ).
Сторител(и): Еден сторител, од селото Кондово, веројатно од Албанско етничко потекло.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е етничкото потекло, државјанство или јазик, додека индикатори на пристрасност во
овој инцидент се:
1. Претпоставена разлика помеѓу сторителот и жртвата врз основа на етничка припадност – Медиумите
пласираа информација дека сторителот е од Кондово (доминантно албанско население), а жртвите се од Бујковци (доминантно македонско население, на последниот попис воопшто не
биле регистрирани Албанци).
2. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
3. Недостаток на други мотиви.

Статус на случајот: Поднесени се кривичи пријави.
Одговор на надлежните власти: Преку „Одговор на барање“ за информации од јавен карактер,
на барањето испратено од Комитетот, Министерството за внатрешни работи изјави дека против
едно лице е покрената кривична пријава за „Загрозување со опасно орудие при тепачка или
караница” (Чл.133 КЗРМ). Сепак, нема одговор во врска со фактот што укажува на можниот мотив
за делото.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички заедници во
општеството.

Адреса
Жена Парк, Скопје
Име на Локација
Жена Парк, Скопје

Број на жртви
2
Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Сериозна закана Телесна повреда Напад со студено оружје Физички напад Насилство
Име на Локација
Парк
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го фатија сторителот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Две лица нападнати со нож во Жена Парк во Скопје (неверифицирано) image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против слободите и правата
Криминална закана
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност