Што се случило: Две групи на ученици учествувале во тепачка во училишниот двор на СУГС „Зеф
Љуш Марку“. Во едната група биле три малолетници од Скопје и еден малолетник од Гостивар,
додека во другата група биле четири малолетни лица од скопското село Батинци. Лицата
си размениле по неколку удари со тупаници и клоци, а во еден момент лице од втората група
извадило нож и четири пати во пределот на главата со сечивото удрил ученик од првата група при
што му нанел видлива телесна повреда.
Датум, време и место на инцидентот: 9 февруари, 09:45 часот, училишниот двор на СУГС „Зефљуш
Марку“ во Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум Република.
Инволвирани жртви: Едно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ), Учество во тепачка
(Член 132, КЗ).
Сторители: Група ученици од СУГС „Зефљуш Марку“.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – поради мешаниот етнички состав на учениците
кои учат во наведеното училиште, можно е припадниците на двете групи да имаат различно
етничко потекло;
2. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност.
Статус на случајот: Поднесено барање за поведување на прекршочна постапка.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека од страна на СВР Скопје
било доставено барање за поведување на прекршочна постапка од 19.04.2016 година до Основен
Суд Скопје 1 Скопје, Оддел за прекршоци.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.