Што се случило: Неколку млади момчиња од албанска етничка припадност од Нерези биле
нападнати во Влае. Инцидентот се случил во близина на Спортскиот терен во Влае кога седум
или осум сторители почнале да фрлаат по нив со камења, повредувајќи две од момчињата.
Безбедносната служба на стадионот ја известила полицијата.
Датум, време и место на инцидентот: 11 јули, 00:45 часот, Скопје.
Извор на информацијата: Локалниот електронски медиум „порталаб.мк“ (portallab.mk).
Вклучена(и) жртва(и): Група на момчиња Албанци од Нерези, Скопје.
Вид на кривично дело(а): Тешка телесна повреда Чл. 131 КЗРМ, Насилство (Чл.386), Загрозување
на сигурноста (Чл.144).
Сторител(и): Група од седум или осум сторители, најверојатно Македонци.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е етничкото потекло, државјанство или јазик, додека индикатори на пристрасност во
овој инцидент се:
1. Претпоставена разлика помеѓу сторителот и жртвата врз основа на етничка припадност – Медиумите
пласираа информација дека жртвите се од Нерези (доминантно албанско население), додека
инцидентот се случил во близина на Спортскиот терен во Влае (доминантно македонско
население).
2. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
3. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Поднесена е кривична пријава.
Одговор на надлежните власти: Преку „Одговор на барање“ за информации од јавен карактер,
на барањето испратено од Комитетот, Министерството за внатрешни работи изјави дека поднеле
кривична пријава против непознат сторител за делото „Насилство“.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички заедници во
општеството.