април 29, 2019

Во меѓуетничка тепачка во тетовско, настрадале 4 малолетници

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување
Насилство врз малолетници

Што се случило: На 29.04.2019 година во 01.00 часот во Полициското одделение Групчин, четири малолетници
од с.Желино, тетовско, пријавиле дека истиот ден околу 22.00 часот во с.Сараќино биле физички нападнати од
неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 29.04.2019 година околу 22.00 часот во с.Сараќино, Тетовско.
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: четири (4) малолетни жртви
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: неколку сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил помеѓу жители на две села каде живеат жители со различно етничко
потекло и каде постои нетрпеливост помеѓу етничките заедници

Статус на случајот: затворен
Одговор на локалните власти: Се работи на расчистување на случајот
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
Желино , Тетовско
Име на Локација
с.Сараќино, Тетовско

Број на жртви
4
Број на сторители
3
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад
Во меѓуетничка тепачка во тетовско, настрадале 4 малолетници image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност