март 19, 2013

Албанец во Чаир нападнал и истепал двајца Македонци

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Албанец во Чаир без причина нападнал и истепал двајца Македонци, во близина на супермаркетот Веро, вчера напладне.

Како што информираа од полицијата, инцидентот се случил додека лицата М.С. (24) и Т.Т. (17) шетале по улицата Христијан Тодоровски – Карпош кога одеднаш без повод и причина биле нападнати од непознато лице од албанска националност на возраст од околу 25 години. Напаѓачот почнал да ги удира со клоци и тупаници по главите и по телата. Двајцата почнале да бегаат низ паркот кон зградата на општината, но напаѓачот ги престигнал и повторно ги разудирал. Потоа тој си заминал во непознат правец.

Нападнатите лица минале со полесни видливи повреди.

Полицијата трага по насилникот и работи на расветлување на случајот.

Адреса
Chair, Skopje 1000, Macedonia (FYROM)

Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Албанец во Чаир нападнал и истепал двајца Македонци image