август 15, 2022

Физички нападнат ЛГБТИ+ активист во центарот на Струмица

Инцидент
Инциденти сторени заради сексуална определба и/или родов идентитет

Што се случило: На 8 август 2022 година во центарот на Струмица, ЛГБТИ+ активист бил физички нападнат, каде тој бил со волонтер(к)и на јавен настан за промоција на нивната организација. Едно возрасно машко лице почнало директно да му се заканува и да му дофрлува навредливи зборови, по што се упатило и му нанело телесни повреди, а групата на волонтер(к)и од страв избегала од местото на нападот. Дополнително, жртвата извести дека полицијата не дошла итно по нападот, иако за настанот биле известени навреме и од нив било побарано обезбедување – кое не го добиле. Во полициската станица каде што подоцна се упатил, бил мета на дискриминација и навреда од страна на вработените.

Хелсиншкиот комитет за човекови права испрати барање до СВР Струмица и очекуваме проверка и санкции врз сторителот на делото, како и за третманот врз жртвата од страна на полицијата.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е сексуалната ориентација на жртвата, а пристрасните индикатори се:

  1. Сексуална ориентација – жртвата е со различна сексуална ориентација
  2. Модел на претходни инциденти – претходни напади кон лица од ЛГБТИ заедницата, а конкретно и претходни напади над жртвата поради неговата сексуална ориентација

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата, кохезијата помеѓу различните групи во општеството, а особено безбедноста и здравјето на ЛГБТИ луѓето. Дискриминацијата и двојната виктимизација што ја претпруваат ЛГТБТИ жртвите од страна на полициските службеници ги обесхрабрува да ги пријавуваат ваквите напади.


Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Телесна повреда Физички напад
Дали пријавивте во полиција?
Да
Дали сте задоволни од односот на полицијата?
Незадоволни
Физички нападнат ЛГБТИ+ активист во центарот на Струмица image